Познатиот „инфлуенсер“ Ендрју Тејт е ослободен од домашен притвор во Романија во очекување на судењето под обвинение за силување и трговија со луѓе, изјави неговата гласноговорничка.

Контроверзната јавна личност и неговиот брат Тристан Тејт се во домашен притвор од март, а беа обвинети во јуни. Браќата сега можат слободно да се движат низ Букурешт и околината каде што живеат и остануваат под судска контрола следните 60 дена. Тие ќе мора да се пријават в полиција кога тоа ќе им биде наложено и мора да ги информираат надлежните за секоја промена на местото на престој, објави Би-би-си.

Исто така, ним им е забрането да контактираат со двајца, исто така, обвинети романски соработници, сведоци и жртви или нивните семејства. Прекршувањето на овие правила може да доведе до нивно враќање во домашен притвор



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2023 00:08