СДС е на власт 6 години и е најодговорна за сиот криминал во државата.
СДС е на власт 6 години и без нивен амин не може да се спроведи ниту еден криминал.
Владата на СДС е криминална влада а за тоа стига потврда и од меѓународните претставници кои велат дека СДС има најслаба борба со корупцијата, а ОЛАФ за периодот од 2018 -2023 година води 18 истраги за можни злоупотреби на европските фондови во Македонија.
Европската агенција спровела 4 истраги за злоупотреба на европските пари, од кои 3 се завршени со препораки , а 4-тата е без епилог.
Трајан треба да го повика Љупчо Николовски што констатирала ОЛАФ во овие 3 истраги?
За тоа кој каков е, најдобро ќе кажат граѓаните и земјоделците на изборите од кои СДС бега како ѓавол од крст.
Да сте толку исправни како што се презентирате, ќе излезевте на избори и пред земјоделците ќе ја побаравте нивната поддршка. Но, знаете дека немате веќе никаква поддршка и дека сте прочитана книга.
А, на Трајан би му препорачал, да се скрие да не се брука вака и да не го брани криминалот на СДС, бидејќи одговорност ќе следи за секој кој се огрешил пред законите.