Убивањето на македонизмот е акција која не згаснува со промена на власта во Бугарија туку трае и е една државна политика на Бугарија, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на ТВ Алфа.
Стоилковски посочи дека за тоа не е виновна Бугарија, колку што е виновна владата на СДС која води попуслива политика и ги отвори овие прашања.
И за тоа простете но, јас не гледам вина кај нив. Јас гледам вина во поусливоста на власта која што дозволи, отвори едно такво поле, а сега молчи кога станува збор за добрососедството, за европските интеграции или кога станува збор за уставните измени, рече тој.
На прашањето за чествувањето на Илинден и говорот на Ковачевски на Кале, нагласи:
Воопшто на нив во фокусот не им беше Илинден, Илинденското востание, ниту пак македонскиот карактер на Илинденското востание, ниту македонското востание, нив им беше во пред план истакнување она што беше актуелно во моментот, а тоа е да упатат порака до Софија дека се подготвени да одат до крај во насока на уставните измени.
Стоилковски го повтори уште еднаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни измени под бугарски диктат нема да поддржат.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кажан уште пред година дена, а тоа е дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Нема да има, дециден е Стоилковски.