Драмата во Слупчане не може да ја реши Владата на ДУИ која очигледно е дел од истата и ги дели граѓаните на привилегирани и граѓани од втор ред
Со само две неплатени сметки ЕВН гаси струја во сите населени места во Македонија.
Ова не е случај во Слупчане. Таму се дозволени милионски долгови, а никој не преземал мерки.
Драмата во Слупчане трае, а очигледно е резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби.
Оттука, во ваква една ситуција во која жителите на едно населено место не плаќале толку долго струја отвора низа на дилеми, а надлежните мора да дадат одговор на низа на прашања.
Прво, Владата на ДУИ и помалиот коалициски партнер СДСМ и министерот за економија, Крешник Бектеши мора да кажат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја?
Второ, дали Владата која се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплати долговите?
Трето, дали Владата ќе оди до таму да дозволи евентуално повисоки сметки за струја на државно ниво за да се покрие разликата?
На овие прашања мора да се даде одговор.
Оваа ситуација ги дели граѓани, на привилегирани и на граѓани од втор ред кои мора да си ги плаќаат сметките. Ова е скандалозно!
Ова што се дозволува е недозволиво непочитување на правни норми!
Решение на ваква драма очигледно не може да даде оваа Влада на ДУИ и помалиот коалициски партнер СДСМ, Влада во која министерот Бектеши за ваков скандал коментира „слупчанци се чесни граѓани“.
Решението е само во избори!