Филмот „Барби“ заработи над милијарда долари од продажбата на билети во САД и ширум светот за околу две недели, објави вчера Ворнер Брос.

- Како главни дистрибутитери, често и не остануваме без зборови од изведбата на филмот, но 'Барбилион' ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања, изјави Џеф Голдстин, одг одговорен за домашната дистрибуција на „Ворнер брос“.

Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кина и 572,1 милион вон САД, така што вкупната заработка досега веќе е 1,0315 милијарди долари. Оваа информација ја потврди аналитичката компанија „Комскор“ (Comscore).

Во режија на сценаристката-режисерка Грета Гервиг, во филмот глумат Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги како Барби и Кен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2023 16:34