„Се работи за пљачка на векот, затоа граѓаните ќе бидат оптоварени со нови давачки. Затоа кога ќе стигнат некои закони со Анастасија не знаеме од каде да почнеме и завршиме со забелешки и токму поради ова се носат законите и никаков државен интерес ништо нема да се гради само парите ќе бидат испљачкани од криминалната каса која е на власт“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на tелевизија Алфа.
Тој додаде дека двете институции кои се столбот на финансискиот сектор во државата УЈП и Царина како никаде во светот ги управуваат потпретседателите на партијата која е на власт.
Стојаноски посочи дека конкретно да власта мислеше на граѓаните немаше да предложуваат вакви законски решенија ниту да ја руинираат македонската економија на начин на кој никогаш претходно тоа не било направено.
„Ова е направено намерно за да можат да бидат притискани бизнисмените и стопанствениците во оваа држава и конкретно е направено само заради тоа“, изјави Стојаноски.
Тој истакна дека во овој момент ненаплатените обврски по основ на даноци кој Управата за јавни приходи не ги наплатува се отприлика 240 милиони евра.
„Тоа значи дека државата односно УЈП ако си ги наплати давачките на оние кои се должници, нели велат има црна книга тогаш да ја видиме црната книга и да видиме кој компании должат таму и со години не им се наплаќа од тој сектор за присилна наплата“, кажа Стојаноски.
Тој додаде дека пред неколку месеци во јавноста се појавил и скандал за отприлика кој тежел 25 милиони евра дека каде на одредена мрежа компании намерно не им бил наплаќан данок, а таму беа инволвирани прилично сериозни функционери од СДСМ и од ДУИ.
„Сега гледаме за потребите на политиката како едни се санкционираат ама едните од кој има една пратеничка од Собранието не се санкционира и ова го кажувам многу одговорно. Се работеше за скандал од 25 милиони евра и мрежа на компании кои им било премолчувано за да не им биде наплатен данок во тој систем“, вели Стојаноски