Добро е што МНР и Пендаровски се одважија да одговорат на прашања вредни 4 милиони долари, лошо е што тоа го сторија некоординирано и после 10 дена, а и Димитар Ковачевски не одговори дали и што се му рекол Фрчкоски во септември.
За Пендаровски парите се вратени во Буџет, според она што го објавија медиумите.
За МНР, парите не можеле да се вратат затоа што иако легнати на сметка на Мисијата во ОН, не била полната сума од 4 милиони долари, па се чекало тоа да се заврши.
Ај што Пендаровски не ни очекуваме да е целосно информиран, но ако МНР знаеле дека парите, од сосема нелогични причини, не можеле да се вратат во државниот Буџет, зошто тогаш ги барале од Фрчкоски?
Ако навистина имало причина Фрчкоски да не ги врати парите и за тоа знаеле, зошто МНР на два пати во рок од шест месеци му испраќал инструкции парите да бидат вратени во дрќжавниот Буџет? Ќе одам и степен понапред.
Дали Филип Тосевски државниот секретар во МНР, не знаел дека Фрчкоски не може да ги врати парите, па му пратил инструкции?
Тосевски инаку е прв човек на партиската комисија на СДС за надворешни работи.
Дали Тосевски после декември во март не знаел, па потпишал инструкции до јуни Фрчкоски да ги врати парите?
И зошто на овие инструкции за парите кај Фрчкоски, потпишан е Тосевски, од позиција државен секретар, кога вакви инструкции се потпишувани од Директорот на директоратот за организациони работи и тоа е еден стандрад во МНР?
Работата е многу подлабока отколку што ја прикажуваат, и уште повеќе водат кон сомнеж за можни зафати како во транзицискиот период на Македонија!
одговор на новинарско прашање за текстот од СДС на најавената Декларација за Илинден
Во ВМРО-ДПМНЕ се уште го чекаме текстот на Декларацијата за Илинден којашто СДС ја најави пред речиси цел месец, во насока на заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ.
Декларацијата СДС ја најави пред прославата на Илинден, а оттогаш има само молк и за неа и за ставовите искажани од Софија за Илинден.
И оттука прашуваме дали СДС по најавата им е забрането или се исплашија и да состават Декларација со таква содржина или пак се исплашија самоцензурираа, и со тоа ја излажаа македонската и меѓународната јавност?
Во оваа насока, го чекаме прво текстот на Декларацијата за Илинден најавен од СДС пред еден месец.Како сериозна партија очекуваме официјален допис.