Владата на СДС и ДУИ и здравствените власти седма година си поигруваат со здравјето на граѓаните. Почина лице од конго - хеморагична треска, се зарази лице вработено на Клиниката за инфективни болести, сега и нов случај, но надлежните никако соодветно да реагираат. Никако да го запалат алармот и да реагираат вистински.
Владата на СДС и ДУИ постојано се соочува со низа на закани по здравјето на граѓаните, епидемија на сипаници, на корона и на дело ја гледаме само нивната несериозност и неспособност. Освен вокабуларот ја анализираме ситуацијата, се е под контрола нема ништо конкретно.
Владата на СДС и ДУИ има сериозен пристап само кога е во прашање местење тендери, крадење на народот.
Здравствените закани секогаш ги сфаќаат несериозно.
Заради отсуство на транспарентност која од уста не ја вадат ги повикуваме надлежните институции да ја информираат јавноста прецизно за состојбата и преземените мерки за справување со конго - кримска треска во државава.
Со нивниот актуелен пристап, тие самите креираат паника и недоверба во системот.
Мора да се стави крај на оваа ненародна власт која не се грижи за здравјето на граѓаните. Крај на оваа ненародна власт можат да стават само граѓаните на избори