Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за Манифестот кој СДС го најави и потенцираше дека власта требало да докаже почит кон сите оние кои што загинале во Народно ослободителната војна.
-Мислам дека ниту една нивна понудена Декларација веќе не може да го намали и избрише овој срам кој што тие ни го приредија. Го слушав колегата Каевски кој ние го велиме Пинки кој што се воодушевуваше на Тито, кој што пред Илинден најави некаков си Манифест, па го одложи тоа поднесување во Парламентот, па во изјавите велеше дека со тој Манифест, со таа Декларација ќе ја искажеле почита. Оваа гарнитура на власт треба да ја докажат почита кон оние кои што загинале за време на Народно ослободителната војна, најмногу од тогашниот бугарски фашистички окупатор, рече таа.
Стојаноска во текот на своето гостување потсети дека дека таа Декларација е потпишана од само 17 пратеници од СДС и пратеник од Партијата на пензионерите и дека нивното однесување е лицемено и дволично.
-Впрочем ако ја погледнете Декларацијата ќе видите дека е потпишана од само 17 пратеници, сите се од СДСМ, само последниот е колегата од Партијата на пензионерите на кој деновиве ниту лик, ниту глас му чувме, а во ек на најголемите протести пензионерите се охрабрил да потпише нешто, мислам лажни се тие нивни заложувања, затоа што тие се тие, нивната гарнитура, нивните сопартијци кои што во минатиот мандат го избришаа манифестот од Преамбулата на Манифестот. За каков манифест сега тие ќе зборуваат? Мислам дека ова е повеќе од лицемерно, повеќе од дволично. Многу пати ги повикуват дали имаат совест, срам, очигедно дека немаат, порача Стојаноска.