НЕ за уставни измени!, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пред почетокот на долго најавуваната седница на Собранието со единствена точка пристапување кон измена на Уставот.

- Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет.

Македонија е реализација на желбите за независна држава на вековните копнежи и борби на Македонците!

Затоа ниедна наметната власт, ниедна сила и притисок не може да не натераат да се избришеме! ВМРО-ДПМНЕ е заштитникот на Македонскиот народ. Затоа денес СИТЕ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат НЕ за уставни измени!

Ден за историја! Да живее Македонија!, порача Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2023 11:01