Потонаа лагите на мнозинството, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска по денешното гласање за дневниот ред на седницата за промена на Уставот.
- Над една година ја малтретираа јавноста со лажни вести, лаги и манипулации.
Пукна "балонот" на лагите.
Две работи се јасни:
1. ДУИ, СДСМ и другите од мнозинството имаат само 70 пратеници за промена на Уставот.
Далеку од потребните две третини или 80 пратеници.
2. ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за "Обнова на Македонија" гласаа ПРОТИВ.
Сите 44 пратеници.
Тоа го велиме една година и до крај ќе останеме на тој став.
НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ.
Јасни се работите.
Време е за предвремени парламентарни избори, вели Стојановска.