Ковачевски и СДС не се веќе фактор, единствениот излез се избори.
Ковачевски цела година лаже дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во петокот цела Македонија виде дека Ковачевски лажел.
СДС и ДУИ не само што немаат легитимитет, и не само што немаа 80 пратеника, туку едвај имаа 70 пратеника.
Пратеници од СДС и од нивната коалиција не се за уставни измени и тоа сите го видоа.
Ковачевски и СДС не можат да ги убедат ниту сопствените пратеници. Ковачевски и СДС се дефакторизирани. Никој повеќе не ги слуша Ковачевски и СДС, ниту некому му е важно што тие мислат. Тие ја донесоа државата во ќорсокак и не се способни да ја извадат од таа ситуација.
Потребни се избори, како единствен начин за излез од кризата.