Во организација на Градскиот ракометен клуб „Охрид“, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид од 23 до 26 август ќе се одржи второто издание на Меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски“, со меѓународен карактер.
На турнирот ќе учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи.
Екипите „Охрид“, „Бешикташ“, „Голден Арт“, „Еурофарм Пелистер“, „Бутел“, „Олимпијакос“, „Металопластика“ и „Татран Прешов“ ќе ги играат во четири термини, од 11, 13:15, 18 и 20:15 часот.
Влезница за еден меч чини сто денари денари, а блок-билети за целиот турнир изнесува 500 денари. Истите од денеска можат да се купат на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на јавниот сервис (МТВ 3), после 22 часот.