Политиките на власта ги доведоа граѓаните на раб на сиромаштија. Додека имаме инфлација која го јаде буџетот на граѓаните слушаме изјави од Тренчевска како министерка за труд и социјална политика дека со 25.000 денари пензионерите можат да преживеат, вели портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес конференција одговарајќи кој е коментарот на партијата во однос на најавите на Синдикатите за поднесување на предлог законска иницијатива за намалување на функционерските плати.
Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја разбира фрустрацијата на граѓаните, потенцирајќи дека доколку владата на СДС и ДУИ помалку краде, ќе може да им даде повеќе на граѓаните.
Комплетно ја разбираме фрустрацијата на граѓаните и синдикатите, власта мора да најде начин како помалку да краде, па така ќе има можност и повеќе да им даде на граѓаните, рече таа.
Митева истакна дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори прашањето за ревизија на платите на функционерите.
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори прашањето за ревизија на платите на функционерите, заклучи Митева.