Вчера во своето интервју за Македонско радио, пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски нагласи дека со оваа власт Македонија е се подалеку од ЕУ. Токму СДС ветуваше бесплатно здравство, подобро образование, модерна инфраструктура, и владеење на право, но граѓаните од сето тоа ништо не добија.

„Една година постојано слушавме лаги, дезинформации од власта за тоа колку пратеници ќе гласале за уставните измени, но се виде дека ВМРО-ДПМНЕ е обединето како партија, и како пратеничка група“, укажа Мисајловски.

„Од власта не слушаат никого. Еве кога од власта го прифатија Францускиот предлог околу 90% од експертите рекоа дека е погрешно што се прифати. Значи зборувам за аналитичари, за професори и за експерти. Рекоа дека е погрешно и рекоа дека ќе имаме многу отстапки ако се прифати ова“, рече тој.

Мисајловски додаде дека со оваа власт граѓаните немаат сигурна иднина и се потребни избори час поскоро.

„На државата и е потребен смирен премиер кој што ќе гледа многу понапред и ќе работи за доброто на граѓаните. А, тоа Христијан Мицкоски го може“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски.

Во текот на своето интервју потпретседателот Мисајловски се осврна и на хаосот кој што се случува со промената на личните документи при што посочи дека ова е тоа уште еден доказ за неспособноста на власта.

„Прво треба да се отворат поглавјата за да започне било што да се менува. Власта треба да го чита тој договор како што треба, а не да се измислува. Со изјавите секојдневни на власта веќе се повеќе се форсира менување на личните документи“, појасни Мисајловски.

Тој посочи дека изборите се спас за Македонија од оваа ситуација. Потребно е час поскоро оваа власт да си замине.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2023 17:02