Неказниновста е проблем или секоја реформа може да се расипе ако има врз неа има политичко или лично влијание, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија 21 говорејќи за ниската доверба во правосудството.
„Скоро да не можеме да се сетиме на разрешен судија или обвинител, за било каков случај против судија од Гостивар, Штип, нема таква работа а луѓето плачат, основна работа не можат да решат. Или човек не може основни работи да заврши или му треба пријател или треба да даде мито“, рече Николоски.
Оттука, додаде тој, тоа значи дека корупцијата ја има и во најниското ниво.
„Или и оние вработени на најниско ниво гледаат дека сите земаат мито и си велат кога оние на највисоко ниво замаат милиони зошто јас да не земам и нешто ситно“, рече Николоски.
Потпретседателот Николоски укажа дека сите зборуваат за корумпираност во сите области, во здравство, во образование, но оти ниту еден случај не се процесуира.
„Слушаме има корумпирани професори и доктори, и тоа треба да се испита и да се знае кој е, а кој не. И тој што не е да му се обели образот, а тој што е да одговара. Кога ќе има разрешница и некој ќе одговара ќе се сменат работите“, посочи Николоски.
Според него законот се спроведува со морков и со стап и ако се детектираат корумпираните и одговараат резултатите ќе дојдат брзо.
„Нас не ни требаат нови закони и институции, туку ослободување на институциите“, кажа Николоски.