Владата има неколку скапо платени по мене лоши ПР експерти, но на крај тие си ги бираат, немам намера да бидам експерт за односи со јавност на Владата, коишто стигнале до втората лекција на односи со јавност, а тоа е обојување на наративот или приказната на црно-бело. Едните се добри другите се лоши, едните се за другите се против, едните се напредни другите се назадни, а сега во помодерно време едните се прозападни другите се проруски, но тоа не функционира затоа што многу се измени пристапот кон јавноста особено последниве години и особено со експанзијата на интернетот, така што има и многу други лекции до коишто не стигнале овие експерти коишто ги плаќаат но тоа си е проблем на Владата, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „SummerClick“ на ТВ21.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за ЕУ од оваа влада од која не се гледа ниедно европско однесување особено во делот на криминалот и корупцијата каде нема ден без афера.

„Проблем на државата е што тој наратив се форсира во јавноста, па сега владата била за ЕУ, а ние сме биле против ЕУ, тие биле напредни, а ние сме биле назадни, тие прозападни, ние антизападни, а во суштина сите знаат дека не е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за ЕУ од Владата затоа што не гледам ниедно европско однесување оваа влада, особено во делот на криминал и корупција нема ден да нема афера, нема ден да нема проблем“, потенцираше Николоски.

Зборувајќи за излезот од оваа ситуација во која Владата ја втурна Македонија, Николоски рече дека е потребна силна битка против криминалот и корупцијата и економски просперитет.

„Ситуацијата сега е исклучително комплицирана и исклучително тешка. Македонија мора да ги брани сопствените национални интереси. По мене битката треба да оди во два паралелни пилари. Едниот треба да е силна битка со организиран криминал и корупција затоа што членство во ЕУ значи две работи, економски просперитет и битка со организиран криминал и корупција, односно силна правна држава. Ако за економски просперитет помага многу и ЕУ со фондовите итн., воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото е домашна работа на секоја држава. Тоа мора да го направиме за да не ценат таму повеќе“, подвлече Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2023 17:45