Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо почина на 80- годишна возраст, јавија италијанските медиуми.

Пејачот на светски познатиот хит „L'Italiano“ од 1983 година починал во болница во Милано, каде бил хоспитализиран.

Веста за италијанските медиуми ја потврди менаџерот на пејачот Данило Манкузо, кој објасни дека „по долго боледување во последните месеци состојбата му се влошила“.

Кутуњо победи на бројни натпревари и фестивали низ Италија, а победи и на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната „Insieme“.

На познатиот фестивал „Санремо“ учествувал 13 пати, првпат во 1976 година, со бендот „Албатрос“, кога го освоил третото место.

Самостојната кариера ја започна во 1978 година.

Тој го освои „Санремо“ во 1980 година со песната „Solo noi“, а второто место го освои шест пати.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2023 07:03