Платформа „X“ (Твитер) ќе ги отстранува насловите од линковите до вестите коишто се објавуваат на оваа социјална мрежа. Со тоа, нејзиниот сопственик Илон Маск сака да ги поттикне новинарите да објавуваат статии директно на платформата.

Според бизнис-порталот „Форчун“ (Fortune), во иднина написите ќе се појавуваат пред корисниците на „X“ само со насловната фотографија и УРЛ-адресата. Корисникот-објавувач ќе треба самиот да додаде опис над објавата.

Линковите за вести засега се појавуваат на почетната „Х“ страница пред корисниците како „картички“ што содржат слика, изворната УРЛ-адреса и скратен наслов. Таквиот облик на објавата, според познавачите, помага во привлекувањето повеќе отворања на веста и им носи повеќе читатели на надворешните интернет-страни и портали.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2023 19:27