Секогаш е задоволство да се биде дел од нешто што се гради, така и овде во Велес често пати сум присутен овде во Велес на покана на градоначалникот Марко, бидејќи навистина гледаме дека Велес како град го трансформира својот лик и континуирано се реализираат проекти кои што ги реализира локалната самоуправа.

Јас на Марко му честитам. Истовремено сакам да им честитам на луѓето кои се дел од советот, општинската администрација овде во Велес и сето она кое што го прават и кое што навистина денеска многу тешко го прават, бидејќи се соочуваме со една влада која што наместо да биде поддршка за граѓаните и да помага, тоа е влада која што гледа на секаков начин да ги опструира оние општини каде што имаме градоначалници и мнозинство во советот од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ја користам оваа прилика и на Марко и на луѓето кои што се дел од советот, и на администрацијата во општина Велес да им честитам. Не помалку е значајна улогата и она кое што го прави Игор во рамки на парламентот. Навистина прават чуда и таму во парламентот да обезбедат денар повеќе за Велес за некој проект повеќе за Велес.

Но, за жал имаме таква влада каква што имаме. Секогаш одговор на тие иницијативи кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците, одговорот е секогаш негативен.

Но, како и да е продолжуваме да се бориме, за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и овде во Велес ќе реализираме милионски проекти кои што ќе значат многу за велешани, но убеден сум и дека на тој начин ќе ја пресоблечеме и самата наша држава Македонија, бидејќи знаете дека оној проект 250 милиони евра инвестиции од централниот буџет кон општините ќе биде навистина еден нов ветар во грб и за градоначалниците, без разлика од која политичка партија доаѓаат.

Но, тоа ќе значи многу и за граѓаните бидејќи ќе покажеме дека не се сите исти, односно дека ние сме различни и дека таа влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде влада на сите граѓани, без разлика дали градоначалникот ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА, независен или друга политичка партија.

Битно е дека граѓаните го полнат буџетот и граѓаните заслужуваат да добијат нешто не само од општините, туку и од владата.

Цениме дека за еден четири годишен мандат 1 милијарда евра вложување во основните потреби на граѓаните, канализација, водовод, асфалт итн е она кое што нив им треба.

Уште еднаш им честитам и ги охрабрувам и Марко и општината да продолжат овде да работат на она кое што беше ветувано на кампањата во 2021 година и да продолжат да докажуваат дека не се сите исти, дека овие од владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер крадат, а во оние општини каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ како овде во Велес градат, градеа и ќе продолжат да градат во периодот кој што следи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2023 19:47