Апсолутно се согласувам со изјавата на амбасадорка Агелер. И граѓаните се тие кои што се суверен на оваа држава и тие треба на избори кои што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат, да за ЕУ, но и да го одберат решението како до тоа ДА во ЕУ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на амбасадорката Агелер која истакна дека граѓаните треба да испратат порака до лидерите дек се за ЕУ.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди свое решени, како и дека секој ден повеќе со СДСМ на власт значи ден изгубен за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно. СДСМ има свое решение претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните се тие кои што на тие избори ќе го дадат и ќе го кажат својот став. Секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија, кажа тој и додаде:
Јас го разбирам стравот од СДСМ, тие знаат дека доколку одиме на предвремени парламентарни избори ќе им се случи уште еден историски дебакл. Го разбирам и стравот на Стево Пендаровски кој се уште се надева дека ќе биде поддржан од коалицијата ДУИ и СДСМ за претседателски кандидат, па си вели ако има предвремени парламентарни избори, каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе освојат огромен број пратеници, па зошто да не и мнозинство, тогаш логично е дека и претседателскиот кандидат од таа коалиција ќе го декласира евентуалниот кандидат Стево Пендаровски, затоа и тој е уплашен и тој од петни жили против предвремени парламентарни избори. Но, кога и да се случат тие избори месеци се во прашање, нема бегање од одговорност.
Мицкоски нагласи дека за да народот каже која опција ја бира тогаш се потребни час побрзо предвремени избори.
Она кое што е моја порака е да ја сум за веднаш народот да им каже на политичарите која опција за бираат, дали опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ или опцијата која што ја нуди коалицијата од СДСМ. И да за тоа да се случи потребни се час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.