Филмот „Барби“ за три недели заработи милијарда долари, со што се смести на врвот на листата филмови што успеале да заработат милијарда во првите неколку недели по првото прикажување.
„Одмаздници: Завршница“ од 2019 година ја заработи својата милијарда за само пет седмици. „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ заработи милијарда долари за 11 недели, а на „Спајдермен: Нема пат до дома“ од 2021. му требаше исто толку време.
„Барби“ ѝ овозможи на Грета Гервиг да стане првата жена-режисерка чиј филм заработи милијарда на американскиот „Бокс офис“.