Лажно и монтирано видео се спонзорира на социјалните мрежи од страна на лица кои администрираат фејсбук страни, а кои шират пропаганда во корист на власта.
Последното во низата е видео објавено за Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во кое неговите изјави од гостување во телевизиска емисија се целосно извадени од контекст.
Покрај тоа што станува збор за лажна вест и монтирано видео, истото на фејсбук се шири преку платени објави.
- Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук, прашува Богдан Илиевски
1. Ми се појавува спонзорирано клипче со манипулирана/фалсификувана изјава на Александар Николоски
2. Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број
3. Го внесувам телефонскиот број на вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер
4. Резултатот го имате во видеото, објави Богдан Илиевски.