Видеоигрите „Call of Duty“ стануваат побогата со уште еден лик во изборот на играчите, а тоа е „ѕвездата“ на „Tomb Raider“ - Лара Крофт.
Познатиот виртуелен лик ќе се појави во игрите „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи им се на ликови од вистинскиот свет, како Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, „Бојс“ и други. Издавачката куќа „Активижн“ (Activision) не откри подробности за тоа како играчите ќе може да ја купат Лара Крофт, но најверојатно станува збор за пакет со повеќе ликови. Ликот на Минаж, на пр. беше дел од сезонски пакет што чинеше 10 долари.
Исто така, се очекува да се продаваат и предмети и сувенири поврзани со Лара Крофт, па нејзините познати пиштоли треба да бидат дел од првата линија.
Исто така, издавачот не уточни кога Лара ќе биде достапна за игрите, а наскоро доаѓа надградба за сезона 4, па, познавачите сметаат дека тоа може да биде добра можност да се претстави овој нов лик.
Освен тоа, играта „Call of Duty: Modern Warfare III“ ќе биде објавена во ноември, а последната видеоигра за Лара Крофт беше „Shadow of the Tomb Raider“ од 2018 година. Од друга страна, пак, „Амазон“ подготвува ТВ-серија „Томб рајдер“.