Се сеќавате на демантот на Џабир дека Фронтлајн, чиј мобилен телефон беше наведен како контакт на спонзорираното видео од црната кампања против ВМРО, уствари „не знаел ништо за видеото и немале врска тие со оваа црна операција во корист на СДСМ“?
Епа дека не беше тој, нели, дека не бевме во право… денес прекинаа да го бустираат видеото, објави Богдан Илиевски на социјалните мрежи.
Претходно, со свој коментар реагираше и Jовица Пауновски, водителот на емисијата на ТВ 21 во кое гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александсар Николоски.
Пауновски вели дека како уредник на емисијата чувствува одговорнот да нагласи дека станува збор за монтирано и лажно видео.
- Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови. Жално е што поединци го унишуваат новинарството во служба на партијата а во јавноста се претставуваат како борци против лажни вести-напиша Пауновски.