Двократниот европски шампион Вардар вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Рајн-Некар Левен со 34:25.

Германскиот претставник со оваа победа направи голем исчекор кон групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ.

„Црвено-црните“ имаа сили само за едно полувреме. На пауза се отиде со нерешен резултат 14:14. Во вторите 30 минути фаворитот беше надмоќен и не дозволи изненадување.

Лазаревски Срдановиќ и со по пет постигнати погодоци беа најефикасни во таборот на Вардар на овој натпревар.

Реваншот е по седум дена во Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2023 08:37