Ако до сега не му беше јасно на Ковачевски дека треба да си поднесе оставка, се надеваме дека му станало појасно, читајќи ги изјавите од нашите стратешки партнери последните денови.

Во Македонија треба час поскоро да има брзи избори, за народот да има шанса да си го каже своето мислење и кои политики ги преферира.

Ковачевски треба да си признае самиот на себе, дека тој и оваа влада нема легитимитет пред граѓаните и дека блефот пред меѓународната заедница дека има 80 пратеници, за промена на уставот под бугарски диктат е прочитан и нема да се случи. Го повикуваме да не купува ден за ден, само за да договорат уште некој тендер во 4 очи и уште толку да се збогатат на грбот на граѓаните.

Оваа влада е готова, на крај барем нека биде искрена власта пред народот и уште денес да се распушти.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2023 08:59