Бујар Османи преку МНР, ќе и исплати на фирмата Еуровиа ДООЕЛ 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за конференција на министерскиот совет на ОБСЕ, која истовремено е и најголем донатор на ДУИ.
Истата фирма Еуровиа, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила два милиони евра, за изградба на новата полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“.
Сопственик на Еуровиа ДООЕЛ е фирмата „Еуровиа Холдинг“, во која освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, главен човек, на огранокот на ДУИ, во Јегуновце.
ДУИ од страна на Елмедин Адеми како донација добила 2.509.200 денари, што е три пати над законскиот лимит за донација од физичко лице, а воедно „Еуровиа“ како правно лице, има донирано 1.845.000 денари, во 2022-ра година.
Ова класичен пример, до која мера во ДУИ се влезени во криминали и крадење на парите на граѓаните, со цел нивно лично богатење.
Одговорност ќе има, во тоа да бидат сигурни, секој кој направил криминал, ќе го стигне правдата.