МВР на Спасовски знаеше, но молчеше за настанот во кој командир на полициска станица, други полициски службеници, воени лица и замислете и во нивно присуство и други лица-цивили предизвикувале општа опасност и употребиле автоматско и друго оружје чисто за своја разонода во сред населено место и во толпа народ.
Според соопштението од МВР, во текот на акцијата за апсење на горенаведените лица кои со своите дејанија можеле да предизивикаат тешки последици, т.е. при претреси биле пронајдени поголема количина разновидно оружје и муниција, а за командирот на станицата била поднесена пријава само за предизвикување на општа опасност.
Тоа што не го кажува МВР е дека автоматската пушка од која пукаше командирот на станицата не е пронајдена, а што е уште потрагично, на настанот присуствувале и лица од најтесното раководство на СВР Битола во чие присуство се случувало дивеењето со огнено оружје.
Оттука се поставуваат прашањата:
1. Зошто на припадници на МВР и на АРМ им се потребни нелегални пушки, пиштоли итн?
2. Како е возможно во присуство на командир на полиција, како и на други полициски службеници, да се дозволи употреба на огнено оружје и од други лица, воени лица и цивили?
Во борбена зона ли се наоѓаат учесниците на настанот или во сред населено место на земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ?
3. Ќе има ли кривична одговорност за раководните од СВР Битола затоа што го сокриле настанот?
*Г-не Спасовски, време е за оставка.
Со свесно непреземање, а и со свесно-изнудено и ненавремено односно пост-фестум преземање на мерки, се стимулира растот на криминалот во државата.
Вие сте 8-ма година министер и сте директно одговорен за башибозукот во МВР и во државата.
Под Ваше раководство на МВР, нарко банди се пресметуваат во строг центар на Скопје, ниедно убиство немате расветлено, а полицијата и Ваши началници и командири кои лично Вие сте ги поставиле, наместо да се занимава со спроведување на законот и редот и да овозможи безбедност на граѓаните е директно вклучена во кршење на законите и предизвикување на опасност.