Бујар Османи ја закопа фирмата донатор на ДУИ, Еуровиа, вчера фирмата вика дека не е донатор, денес Османи вели дека е донатор.
Сега откако признаа дека Еуровиа е донатор и откако видовме дека добила милионски тендер од МНР дали Османи ќе понесе одговорност?
Или дали од Еуровиа ќе побараат од Османи да се извини, бидејќи вчера бараа извинувања од медиуми кои ги пренесоа информациите?
На очиглед на сите е спрегата помеѓу ДУИ и фирми блиски до нив, кои за државни тендери одлично функционираат.