Владата која секоја година ги крати средствата за туризам, владата која е инфраструктурен срам за Македонија и владата која ги избрка буквално сите од државата, сега наводно се посветува на туризмот, со квази проект со име - 50 села, 50 приказни.

Да беше сериозна владата, ќе знаеше дека веќе нема кој да ги раскажува приказните, зошто со години со криминалот и корупцијата кои ги прават успеаја да избркаат илјадници семејства како од урбаните средини, така и од руралните.

Селата во Македонија се без основни услови за живот, како што е водата за пиење и хигиена. А до градовите не може да се стигне затоа што парите за инфраструктура завршуваат за тендери во 4 очи, а патиштата кои се почнати од претходно 6 години не можат да ги завршат.

Во селата кои истава власт ги остави без патни поврзувања, без вода, без жители, амбуланти, училишта, без брендирани локални производи, без заштитено културно наследство, исчезнуваат обичаите и нема рурално живеење.

Тоа е тажната приказна на македонските села во кои оваа власт ЌЕ донесеше живот, но наместо живот, сега им нуди ПРИКАЗНИ!

Не 50! Имаме 5050 тажни приказни за уништените села како што е Трпејца кое власта го остави без прочистителна станица, како што е Танушевци со целосно уништени улици, како што се шарпланинските села во кои власта на своите блиски дозволува безмилосна сеча и узурпација.

Грижата за државата завршува онаму каде што започнува интересот на власта.

И ова не е приказна, туку чиста и болна вистина. Затоа потребни се промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2023 17:51