Одбојкарскиот натпревар меѓу универзитетските екипи на Линколн и Омаха, одигран на стадион наменет за рагби во американската сојузна држава Небраска, привлече 92.003 гледачи, што е рекордна посетеност во светски рамки на спортски натпревар во женска конкуренција.

Податокот денеска го соопшти Националното универзитетско спортско здружение (НЦАА).

Стадионот „Меморијал“ во Линколн влезе во аналите како објект на кој е соборен претходниот рекорд што беше поставен во април оваа година на фудбалскиот натпревар во женската Лига на шампиони меѓу Барселона и Волфсбург, кој на стадионот „Камп Ноу“ привлече 91.648 гледачи.

Одбојката е најпопуларен женски спорт во Небраска, а во дуелот кој донесе рекордна посетеност домашната екипа од Линколн го совлада најголемиот ривал од соседната Омаха со 3-0 во сетови.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2023 18:05