Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа.

Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со 34-25, а во реваншот претрпе пораз од 37-33 (17-17).

Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше Милан Лазаревски со седум погодоци, а еден помалку постигнаа Томислав Јагуриновски и Стефан Петриќ.

Со елиминацијата на Вардар 1961, единствен македонски претставник во групната фаза во Лига Европа ќе биде вицешампионот Алкалоид. Тимот предводен од македонскиот селектор Кирил Лазаров ќе игра во групата Ф против Силкеборг, Ла Риоха и Војводина.

Натпреварите од групната фаза ќе стартуваат во октомври



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2023 05:22