Со натпреварот за трофејот во Суперкупот, денеска официјално ќе стартува новата македонска сезона во ракомет.

Во финалето на Суперкупот ќе играат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на националниот Куп, Вардар 1961.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи финалето за првиот овосезонски трофеј да се игра во салата „Парк“ во Струмица со почеток во 18 часот.

Во ланското финале кое се одигра во Охрид, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар 1961 со 23-22.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2023 16:21