Ал Пачино (83) и Нур Алфалах ја прекинаа својата љубовна врска само три месеци откако добија дете, пишува „Дејли мејл“.
Според „Бласт“, пак, којшто објави и правни документи, Нур бара целосно старателство над нивниот син, и дека сака глумецот да има право на посети.
Инаку, Ал Пачино и нeговата 54 години помлада девојка беа во врска две години. Во јуни оваа година, глумецот потврди дека го добиле своето прво заедничко, машко дете, а западните медиуми пишуваа дека таа направила и ДНК-тест којшто го потврдил татковството на Пачино.
Претпоследната врска на Нур - со Мик Џегер заврши во 2017 година, а претходно таа беше поврзувана и со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.