Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува последниот неделен лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација.
Анализите ги спроведе Секторот за санитарна контрола од 04.09.2023 до 07.09.2023 на 154 примероци. Извршена е физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во градот Скопје и според добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.