Многу луѓе имаат навика да пијат кафе или чај веднаш штом ќе се разбудат, на празен стомак. Сепак, колку и да се мисли дека на телото му е потребна таа напивка, некои стручњаци велат оти тоа не е здраво да се пие на гладно.

Причината е тоа што пиењето чај или кафе веднаш по будењето може да води кон зголемено лачење стомачна киселина, нарушено варење и складирање на хранливите материи и флуктуации на нивото шеќер во крвта.

Следат неколку напитоци коишто се доволно делотворна замена.

Вода со куркума и црн пипер

По два - три прстофати овие зачини во топла вода може да бидат исклучително здрав и моќен утрински напиток. Тоа може да помогне за будност, побрз метаболизам, но и отстранување на вишокот маснотии.

Ким и анасон

Се земаат две чаши вода и по еден прстофат од овие состојки што се варат во неа. Откако ќе се преполови количината вода, таа се цеди и се пие полека. Ова е и напивка за слабеење што може да го подобри варењето и да ја намали надуеноста, особено при менструација.

Лимон

Се цеди половина овошка во топла вода. Ако е премногу кисело, можете да се додаде и малку мед во напитокот. Пиењето на празен стомак може да биде исклучително освежувачко и да ги исфрли токсините од телото. Полезно е и за кожата. За сѐ тоа да биде поделотворно, може да се додаде и прстофат цимет.

Обична или топла вода

За да се избегне усложнување на работите наутро, едноставно испијте чаша обична, млака или можеби малку потопла вода на празен стомак, велат стручњаците. Ова го хидрира телото и ќе го забрза метаболизмот. Може да помогне и во исфрлање на токсините од организмот.

Кога се пие утринското кафе или чај?

По некој од овие пијалаци, многу препорачливи се јаткасти плодови - бадеми, семки од тиква или семки воопшто. Ако телото има потреба од нешто слатко, дозволено е суво грозје, урми или свежо овошје. Потоа веќе може да се ужива во утринскиот чај, т.е. кафето.

Важно е да се напомене дека ќе треба малку време за одвикнување од вообичаените утрински ритуали наместо прв оброк и заменувањето со некоја од споменатите напивки. Меѓутоа, ако новите напитоци не му годат на телото, се препорачува и консултација со нутриционист заради персонализирано советување.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2023 18:31