Глумецот Рајан Рејнолдс почна со првата своја детска емисија под наслов „Приказни за пред спиење со Рајан“ (Bedtime Stories with Ryan). Продукцијата е на неговата компанија „Максимум ефорт“, и е создадена во соработка со каналот „Фјубо ТВ“, „Артклас“ и „Лун продакшнс“.
Популарниот канадски актер вели дека оваа емисија била негов сон веќе некое време.
Досега се снимени 15 епизоди и веќе почнаа да се прикажуваат на „Фјубо ТВ“. „Приказните за пред спиење со Рајан“ се „магични и пријатни за опуштање, а мелодичниот глас на Рајан дава свој печат на секоја приказна“, како што се вели во описот, претворајќи ги во класици за новите генерации.
Според „Форбс“, Рајан Рејнолдс е вториот најплатен глумец во светот за 2020 година, со заработка од повеќе од 20 милиони долари по филм. Во мигов се снима третиот дел од „Дедпул“ (Deadpool), а најавени се уште 10-на проекти со Рејнолдс во главните улоги.