Британскиот тенисер Енди Мареј победата над Швајцарецот Леандро Риди (6:7, 6:4, 6:4) во мечот од групната фаза во Дејвис купот и ја посвети на својата баба.

- Жал ми е што не можам да бидам со моето семејство денес. Бабо, ова е за тебе. Разговарав со татко ми за тоа и тој рече: „Таа би сакала да играш, само погрижи се да победиш, па јас го направив тоа, изјави Мареј за „Би-би-си“.

Во групната фаза на Дејвис купот во Манчестер се натпреваруваат селекциите на Велика Британија, Австралија, Франција и Швајцарија. Репрезентациите ќе играат меѓу себе секој со секого.

Двете најдобри селекции ќе се пласираат на „Фајнл 8“, кој ќе се одржи во ноември во Малага, Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2023 04:42