Шпанците Марин Љоренте и Гарсија Серадиља ќе ја делат правдата на дуелот на Еурофарм Пелистер против данскиот Алборг. Мечот во Алборг ќе биде во рамките на второто коло од ракометната Лига на шампиони.

Европската ракометна федерација го одреди Сигурдсон од Исланд за делегат на средбата.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра в среда на 20 септември од 20:45 часот во „Шпаркасен Арена“ во Алборг.

Во првото коло Алборг извојува гостинска победа на теренот на европскиот вицешампион Киелце, додека македонскиот првак загуби на домашен терен од норвешки Колстад.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2023 05:38