РК Алкалоид одигра одличен натпревар и доминантно стигна до победата на своето прво гостување и прво дерби во новата сезона во Суперлигата. Предводен од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со девет погодоци, Алкалоид во „Билјанини извори“ забележа победа со 28:22 (полувреме 16:10).
Ова беше втора победа од исто толку натпревари за РК Алкалоид кој во следното коло на домашен терен ќе игра против екипата на РК Еурофарм Пелистер 2
Охрид го запиша првиот пораз по два натпревара во А-групата од Супер лигата.