Користењето тестови за овулација (со помош на урината) за да се одреди идеалното време за „обид“ ги зголемува шансите за бременост, посочува новото истражување.
Научниците анализирале седум постоечки научни трудови. Заклучоците говорат - одредувањето на најпогодното и најплодното време за сексуален однос со помош на тест за овулација ја зголемува можноста за успешна бременост и раѓање за 20 до 28 отсто, во споредба со 18 насто кај контролната група која не користела таков тест. Но, податоците од истражувањето се премногу ограничени за да може да се каже дали другите методи забележани во испитувањата се исто така успешни или не, и потребни се дополнителни истражувања. Научниците предупредуваат дека некои испитувања се финансирани од производители на тестови, па резултатите треба делумно да се толкуваат и со претпазливост.
Тие методи се засновани на свесност за плодноста, како што се планирање со календар и следење на промените во цервикалната течност и телесната температура. Наодите се однесуваат на жени помлади од 40 години кои се обидувале да забременат помалку од 12 месеци.
Истражувањето на Универзитетот во Оксфорд, Кралската болница „Беркшир“ во Рединг и болницата принцезата Ана во Саутемптон, опфаќа податоци за 2.464 жени кои се обидувале да забременат.
Татјана Гибонс, истражувач на Одделот за женско и репродуктивно здравје во Оксфорд и раководителка на научниот труд, ќе рече:
- Многу парови тешко забременуваат, што може да доведе до загриженост за нивната плодност. Откритието дека едноставен и лесно достапен тест со помош урина може да ги зголеми шансите на двојката за успешно зачнување е многу возбудливо бидејќи може да им даде поголема контрола над нивното патешетвие на плодноста и потенцијално да ја намали потребата за тестирање и третман за неплодност.
Проф. Кристијан Бекер се сложува дека потребните докази во истражувањето наловено „Кокрејн“ ги олеснува овие работи, бидејќи тестовите за овулација е и прилично достапен, меѓу другото.