За љубителите на емотикони, „Емоџипедија“ на платформата „Х“ објави дека наскоро ќе има 118 нови лица на изразувањето чувства. Имено, компанијата официјално го потврди „Емоџи 15.1“, што значи дека новите емотикони треба да пристигнат на сите дигитални уреди во текот на следната година.
Низата 118 нови емотикони вклучува шест сосем нови концепти, четири нови родово неутрални семејни комбинации и 108 нови верзии на шесте постоечки емотикони за личности во насока. Меѓу новите концепти има: феникс, кафеава печурка, скршено тенџере и долгоочекуваните емотикони во вид на лимета...
Што претставува малиот цртеж со лимета? Покрај очигледното - свежина или претпочитање за храна и пијалаци со цитрус, овој симбол укажува на „лежерно дружење“, т.е. приватна забава или вечерно излегување, а може изразува и - љубомора.