Општина Ѓорче Петров од денеска има нова зграда, а воедно се одбележува и Денот на општината. Се слави 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.
-Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години. Денеска ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров, рече градоначалникот Александар Стојковски.
Се заблагодари на сите чинители биле вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор и во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот што се користеше досега на пет различни локации.
-Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација, речр градоначалникот.
Стојковски истакна дека станува збор за енергетски ефикасен објект.
На пуштањето во употреба на објектот присуствуваа совтеници од општината, вработени и граѓани.
На свеченоста беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој дека условите за работа во објектот се европски, и оти тој очекува дека на тој начин ќе се подобри многу квалитетот на работата