„Брајтбурн“ (Brightburn) е хорор-филм од 2019 година што го следи младиот Брендон (Џексон А. Дан), кој е посвоен од млад брачен пар што не може да има деца, набргу откако ќе се сруши на Земјата како бебе во вселенски брод од непознат свет. Ликот е всушност спротивност на Супермен...
„Злобниот“ Супермен - Брендон со тек на времето, развива комплекс на супериорност и почнува да го убива секој што му пречи. Режисер на филмот е Дејвид Јаровевски, сценариото е на Брајан и Марк Ган, а продукцијата - на Џејмс Ган.
Сега продуцентот подготвува и втор дел од филмот, па последниве недели се шират гласини дека вештачка интелигенција наводно го пишува сценариото за продолжението, бидејќи сѐ уште ништо не се знае, освен тоа кој ќе го продуцира. Ган ги отфрли тие наводи.
„Џејмс Ган, те молам не дозволувај ВИ да го напише сценариото за 'Брајтбурн 2',“ гласи еден коментар на социјалната мрежа „Блускај“.
Ган кратко и јасно одговори оти тоа никогаш нема да се случи.