Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура деновиве Општина Илинден работи на постоечката патна инфраструктура, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.
Како што се наведува во соопштението од Општина Илинден, ќе бидат асфалтирани 9 краци од улицата „11“ од кои за прв пат асфалт ќе добијат двата крака ( крак 1 и крак 4) , а во наредните денови ќе бидат асфалтирани и останатите седум краци.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека овие улици целосно се реконструираат и асфалтираат по претходно изградените краци за прифаќање и одведување на фекални води, како и изградба на дел од водоводна мрежа. Тој посочи дека граѓаните од овој дел на населеното место ќе им се подобри комуналната и патната инфраструктура, а исто така ќе им се подобри и квалитетот на живот.
Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активности за изградба, санација и реконструкција на локалните улици и патишта со цел подобрување на локалната патна инфраструктура