Во пресрет на ракометниот натпревар Еурофарм Пелистер-Кил, кој се игра во рамки на третото коло од европската Лига на шампионите, тренерот на битолчани Александар Јовиќ, доцна попладнево на прес-конференција изјави дека домаќините ќе се претстават во поинакво светло.

Според Јовиќ, време е екипата по натпреварот да биде задоволна од одиграното.

-Со сигурност тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ни треба време. За брзо време ќе се претставиме во најдоброто светло. Добро ќе се подготвиме за Кил и ќе извадиме максимум од екипата. Направивме анализа на натпреварите на Кил, преферираат модерен ракомет и динамична игра. Ќе се обидеме да наметнеме темпо кое нам ни одговара. Еурофарм Пелистер само ќе расте, одигравме два натпревари од Суперлигата, играчите почувствуваа и добра игра и победи и прашање на денови е кога ќе проработиме, изјави Јовиќ.

Влезниците за натпреварот Еурофарм Пелистер – Кил кој е закажан за во среда од 18:45 часот, се продаваат од денеска, потврдија од клубот



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 05:37