Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити денеска соопшти дека на 11 септември државата објавила одлука и јавен повик за основање нови три казино компании. Според него, овие казино компании, кои ќе бидат во доминантна државна сопственост, ќе овозможат коцкање на интернет, на телефони, таблети и домашни комјутери.

-Одлуката е одобрена од Владата, со потпис од Артан Груби, човекот кој во сенка стои зад секое казино низ државата. Коцката ќе ни влезе дома. Ако досега требаше да одите во казино, после овие одлуки на Артан Груби и Владата, казиното ќе дојде дома, со само неколку клика на интернет. Зад овие одлуки и бизниси стои ДУИ, стои Артан Груби. Скоро и да нема казино компанија во оваа држава во која нема луѓе од најблиското опкружување на Артан Груби. Се ќе се дознае, за се има време. Клиентелистите во ДУИ предводени од Артан Груби се опседнати со својот сон да станат ологархија, но не со чесна работа или печалбарство, туку со грабеж од државата, а сега и со грабеж директно од парите на граѓаните, рече Меџити, кој беше шридружуван од претседателит на Движењето Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши.

Тој најави дека тие како здружена албанска опозиција остро се спротиставуваат на ширењето на заразата со казината и ќе се борат против тоа.

-Владата со оваа одлука под ризик ги става сите наши деца. Секој родител ќе стравува дека зависноста од коцкање овој пат ќе влезе дома преку телефоните, таблетите и компјутерите на нашите деца. Тие најмногу време поминуваат на интернет. Не се прават фабрики за нашите луѓе. Не се градат болници, училишта. Нема стадиони и игралишта за нашите деца. Ама има казина и коцкарници. ДУИ треба да погледне наоколу. Зар не гледате дека во индустриската зона во Илинден се градат фабрики, а во Визбегово, благодарение на ДУИ, на патот кон Косово се градат коцкарници. Има ли граници алчноста за пари? Одговорноста за порастот на последиците од оваа крајно негативна општествена девијација има име и презиме, Артан Груби, рече Меџити.

Потенцира дека како Здружена албанска опозиција ќе побараат одговорност и нема да дозволат уништување на младината. Побара игрите на среќа да се стават под строга контрола и далеку од домовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 17:42