Буџетот за 2025 година претставува развоен концепт и суштинска промена во здравството, за 25% повеќе пари за опрема, изградба, доградба и реконструкција на објектите во јавните здравствени установи

По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните.

По 7 години отсуство на развоен концепт и стратешко планирање предлог буџетот за 2025 претставува концепт и суштинска промена во водењето на јавните финансии.

Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното и инвестира во здравството и подобрување на условите во здравството.

Со буџетот за 2025 година ќе има повеќе средства за набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Исто така предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

Со буџетот за 2025 година се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и други установи.

ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и вложува во суштински реформи и промени во здравството каде пациентите и граѓаните се на прво место.

ВМРО-ДПМНЕ работи на трансформација на здравството во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2024 15:09