- Со богата презентација на вино, музика, традиционалната македонска храна и филмови, Кавадарци во збратимената општина во Србија, Ковин, заедно организираат Денови на македонската култура, јави дописникот на МИА од Белград.
На отварањето на првата ваква манифестација на Кавадарци во Србија, која ќе трае до 30 септември, со голем број на посетители од Ковин и другите градови во Војводина, и македонците во Србија, покрај раководството на двете општини Деновите на македонската култура ги отвори в.д амбасадорката во Србија, Михаела Веселинов.
-Тука сме да ја промовираме македонската култура, нашата традиција во Ковин која е наша прва и најстара збратимена општина. Посетителите ќе имаат можност преку изложбата на уметникот Елизабета Јордановска, да ги вкусат прекрасните традиционални рецепти подготвени од нашите вешти жени од Кавадарци, да го дегустираат најдоброто македонско вино од нашите Семејни винарии од Кавадарци и да уживаат во македонската музика, изјави Самоил Капетановски, шеф на кабинетитот на градоначалникот на општина Кавадарци.
Проектот и презентацијата на македонската култура, храна, вино, во Србија се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан.
-Долгогодишната соработка со Кавадарци допринесе до едно препознавање на српската и македонската душа и историја, еден ѓердан на пријатество меѓу двата народи, кои се најслични на овие простори, за што говорат и иницијативите на државно ниво, а ние Деновите на македонската култура во Ковин ги напрвивме затоа што навистина имаме братски односи. Се надеваме дека наскоро и во Кавадарци ќе можеме да организираме Денови на српската култура, изјави Миливој Грчиќ, дирекор на Центарот за култура во Ковин.
Во рамки на манифестацијата, ќе бидат прикажани и филмовите Мементо на Димитрие Османи, Врба на Милчо Манчевски, Хомо на Игор Иванов, театарската престава Не играј на Англичани на Домот за култура Иван Мазов од Кавадарци, а манифестацијата ќе заврши на 30 септември со Меѓународниот фестивал на традиционалната музика СРМА, на кој ќе уќествуваат по шест деца, со песни на мајчиниот јазик и со една заедничка песна.